Правила на заедницата
Добре дојдовте на Tinder!
Tinder е место каде што може да се воспостават значајни врски. Сè започнува со Свајп™. Понекогаш кликнуваш. Понекогаш не. А понекогаш зборувањето води до нешто повеќе. Веројатноста е голема. Отворени се безброј можности. Сите (возрасни) се добредојдени да дојдат и да истражуваат.
Сакаме Tinder да биде забавен, безбеден и инклузивен простор каде што секој може да биде свој додека ги запознава другите. Тоа е целта на овие Правила на заедницата–да се постават очекувања за однесувањето на сите, како на апликацијата, така и надвор од неа. Затоа продолжете да читате; непочитувањето на овие упатства може да има реални последици - од буцкање до забрана.
Правила на Tinder:
1. Размислете за границите. Нивото на удобност се разликува од човек до човек. Затоа не дозволуваме голотија, сексуална содржина, сексуални желби или барање секс на вашиот јавен профил. Ако имате приватен разговор, овие работи се во ред ако никому не сметаат. Согласноста е важна.2. Споделувајте претпазливо и промислено. Не споделувајте ги јавно своите лични информации или начините на кои луѓето може да се поврзат со вас (не прикажувајте јавно телефонски броеви, е-пошта, сметки на социјалните мрежи или слични работи). Споделувањето на броевите од банкарската сметка или лозинката за е-пошта е секогаш лоша идеја. Не барајте ни другите да ви ги пратат своите лични податоци. Бидете внимателен/-на ако некој ве замоли да му пратите пари или се обиде да ве натера да вложите, веројатно се работи за измама.3. Држете се настрана од насилни содржини. Промовираме позитивност и нема да толерираме каква било насилна содржина што содржат огорченост, смрт, слики или описи на насилни дејствија (врз луѓе или животни), употреба на оружје и сè што се промовира или велича самоповредување.Ако веруваме дека постои ризик од непосредна штета, може да преземеме чекори за да помогнеме, како што е директно обраќање со понуда за ресурси во време на криза.
4. Воспоставувајте лични врски, не деловни. Не рекламирајте ги, промовирајте ги или споделувајте ги своите сметки на социјалните мрежи за да стекнете следбеници, да продавате работи, да собирате средства или да водите некаква кампања. Ова значи и дека Tinder не е место за каква било сексуална работа, услуги за придружување или врски засновани врз компензација. Значи, не–не користете го Tinder за да ја пронајдете својата „спонзорка“.5. Едноставно бидете свои. Луѓето сакаат да се запознаат со вашето вистинско лице. Не со вашата лажна персона. Не креирајте лажна сметка и не преправајте се дека сте некој што не сте, дури и ако тоа е само за забава.6. Комуницирајте со почит. Разговорот со нови луѓе може да биде незгоден, особено кога комуницирате со луѓе со различни социјални статуси. Почитта е многу важна.Ако разговорот неочекувано тргне наопаку и се чувствувате вознемирено или налутено–подзастанете и размислете пред да реагирате. Не е дозволено вознемирување, закани, малтретирање, заплашување, доксирање, сексуални изнуди, уцена или што било што се прави намерно за да се предизвика штета.
Tinder не е место за омраза. Никогаш нема да ги поддржиме расизмот, фанатизмот, омразата или насилството врз основа на тоа кој некој е, како се идентификува или како изгледа. Ова вклучува (но не се ограничува на) нечија раса, етничка припадност, националност, имиграциски статус, каста, религија, родов идентитет, сексуална ориентација, попреченост, тип тело или здравствена состојба. Ако видите некој кој не ги исполнува вашите лични критериуми, не ставајте му лајк или отстранете го спојот и продолжете понатаму. Не пријавувајте го, освен ако мислите дека ја прекршил нашата политика.
7. Водете со добрина, не со штета. Секое дејствие или однесување што сугерира, има намера да или предизвикува штета на друг корисник - без разлика дали на офлајн или онлајн, физички или дигитално - ќе биде сфатено многу сериозно. Ова вклучува сè што повикува на или поттикнува причинување штета.Ако ве повредил некој на Tinder: прво, погрижете се за себе и второ, одвојте малку време за да одлучите што ви треба за да заздравите, без разлика дали тоа се мерки за одговорност, обелоденување, поддршка или сè од горенаведеното. Ако ова вклучува пријавување на штетата кај нас, тогаш стапете во контакт со нас. Тука сме за вас.
8. Само за возрасни. Мора да имате 18 години или повеќе за да користите Tinder. Ова значи и дека не дозволуваме фотографии на малолетници без придружба или облека, вклучително и фотографии од вас кога сте биле помлади–без разлика колку сте биле симпатични тогаш.9. Почитувајте го законот. Никогаш не се дозволени незаконски содржини или активности. Ова значи дека не смеете да го користите Tinder за да купувате или продавате дрога или фалсификувани стоки или да барате помош за да го прекршите законот. Дефинитивно нема да толерираме некој да користи Tinder за да се залага за или да учествува во причинување на каква било штета што вклучува малолетници или трговија со луѓе.10. Едно лице, една сметка. Секоја сметка може да има само еден сопственик. Од логистички причини и заради заштита на приватноста, не смееме да поддржуваме повеќе луѓе да пристапуваат до истата сметка, туку секое лице треба да има своја. Исто така, едно лице не може да има повеќе од една сметка истовремено.11. Ова е ваш простор, објавувајте своја содржина. Не објавувајте слики или приватни пораки од други луѓе освен ако не сте добиле согласност да го сторите тоа. Не објавувајте дела што се заштитени со авторски права или со трговски марки од други лица.12. Бидете добар корисник на Tinder. Не злоупотребувајте го Tinder. Не користете го Tinder за да ширите лажни или погрешни информации. Не праќајте несакани штетни линкови или несакани содржини. Не создавајте групни сметки. Не користете го Tinder за да манипулирате, мамите или да ги натерате луѓето да ви праќаат пари или нешто друго. Во ред е да разговарате со пријателите и со семејството за луѓето со кои се среќавате, но немојте јавно да споделувате туѓи информации. Не поднесувајте лажни, погрешни или злонамерни пријави. Не користете апликации од трети страни или друга технологија за отклучување функции или за изигрување на системот. Не напаѓајте ги, не заканувајте се ниту на друг начин прекршувајте ги овие правила кога разговарате директно со Tinder, Match Group или со нивните поврзни фирми.13. Бидете присутни за да останете активни. Ако не се најавите на корисничката сметка на Tinder во рок од две години, ќе претпоставиме дека таа не се користи и дека може да ја избришеме поради неактивност. Значи, ако сакате да бидете видени во апликацијата, само најавувајте се одвреме-навреме.Пријавување
Како член на заедницата на Tinder, ве охрабруваме да зборувате и да се изјасните. Ако некој ви предизвикува штета или ги прекршува Правилата на заедницата–пријавете го. Со пријавата секогаш се постапува доверливо. Со пријавување, можете да ни помогнете да го запреме штетното однесување и да ги заштитиме другите.
Влијание
Сериозно ги сфаќаме Правилата на заедницата и влијанието што тие го имаат врз заедницата. Ќе направиме сè што можеме за да се погрижиме луѓето да ги следат. Имаме воспоставено систем за предупредување, но ако прекршувањата продолжат или ако прекршувањето е сериозно, ќе реагираме соодветно.
Го задржуваме правото да истражуваме и/или да ги укинеме корисничките сметки без рефундирање на сите купувања доколку откриеме дека сте ја злоупотребиле услугата или сте се однесувале на начин за кој Tinder смета дека е несоодветен, незаконски или ги прекршува Правилата на заедницата или Условите за користење, вклучувајќи и дејства или комуникации што се случуваат надвор од услугата, но вклучуваат други лица со кои се среќавате преку услугата.